Ѓоковиќ му посака побрзо закрепнување на Надал

Рафаел Надал имаше болки во стомачните мускули, плус и операција на зглобот на десната нога во Барселона, па нема да може да игра на завршниот турнир во Лондон, а со тоа на Новак Ѓоковиќ му е загарантирано првото место на АТП-листата на крајот од сезонава. Србинот е ривал со Надал на терен, но надвор од него се пријатели и на колегата му посака што побрзо да се врати.

„На мојот пријател му ги испраќам моите најдобри желби, со надеж за брзо закрепнување по операцијата“, напиша Србинот на Твитер.

Надал излезе од болница, а шпанските медиуми објавија фотографија.

Ѓоковиќ и Надал на официјален мечеден против друг би можеле  да играат најрано на Отвореното првенство на Австралија во јануари, а постои можност да си ги одмерат силите и на егзибициски меч во Саудиска Арабија на 22-ри декември, но тоа ќе зависи од тоа дали рехабилитацијата на Надал ќе оди добро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести