Ѓоковиќ на Србите им честиташе Среќна нова 7530 година!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, преку „Инстаграм“ испрати интересна честитка до српската јавност. Тој ја честита новата 7530 година. Според словенските верувања, денеска почнува летото, а наесен на Митровден стартува зимата.

„Среќна нова 7530 година. Денеска почнува летото. Нашиот календар го следи биолошкиот ритам на Земјата. Годината се делела на два дела, годината имала 13 месеци по 28 дена, а во еден месец имало четири недели со по седум дена, како што одат и месечевите периоди. На споменикот на цар Лазар, деспотот Стефан Лазаревиќ, стои дека косовската битка се случила 6897 година“, објаснува Ѓоковиќ и додава дека календарот се смета од моментот кога светот го создале словенските богови Перун, Сварог, Стрибог, Црнобог, Триглав, Дајбог, Јаровид, Световид, Морана, Весна и Мокоша.

- Оглас -

Најнови вести