Илјадници фанови приредија голема абава во чест на Новак Ѓоковиќ и неговото историско остварување со 311 поминати недели на врвот на АТП-листата. Српскиот тенисер го надмина рекордот на Роџер Федерер, по што му остана да ги стигне големите Роџер и Рафа по бројот на гренслем-титули за да стане најдобар тенисер на сите времиња.
Иако пандемијата со корона-вирусот уште владее, особено на овие простори, тоа не ги спречи неговите фанови да го пречекаат Ѓоковиќ пред неговиот ресторан „Новак“ во Белград. Поради тоа, следуваа нови критики на адреса на Ѓоковиќ дека не ги почитува мерките и го загрозува здравјето на толпата која се собра да го прослави овој историски момент.