Ѓоковиќ непрепознатлив, загуби на австралиско тло по 43 победи по ред

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, сензационално загуби од Австралиецот Де Минаур на Јунајтед купот во Перт со 2-0. Србинот беше непрепознатлив, иако имаше голема поддршка од трибините, но првпат по 2018 загуби на австралиско тло, односно по 43 победи по ред.

Де Минаур мечот го доби со идентични 6-4 и 6-4 и донесе предност за Австралија од 1-0 во четвртфиналето на Јунајтед купот. Воедно, поразот од Де Минаур е прв за Новак Ѓоковиќ од австралиски тенисер по 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести