Ѓоковиќ опасно се мачеше со повредата на вратот, но победи

Мастерс турнирот Синсинати приредува голем број изненадувања, се гледа дека долгата пауза земала данок кај многумина, па тешко им е да се вратат во форма, а шокантно делува победата на Филип Крајиновиќ над вториот носител Доминик Тим од 6-2, 6-1. Србинот неочекувано го декласираше Австриецот, на свој сервис загуби само два поени во целиот меч и ја продолжи низата изненадувања кои почнаа на женскиот дел од турнирот.

Првиот фаворит Новак Ѓоковиќ го победи Беранкис со 7-6, 6-4, но неговата игра против 72-риот на АТП-листата беше далеку под неговото ниво, а една од причините за тоа беа и постојаните болки во вратот, поради кои врз Новак се вршеа и лекарски интервенции.

Ѓоковиќ има 19-0 во 2020 година. Тој изјави дека повредата на вратот му правела најголеми проблеми кога требало да сервира, доказ за тоа се седумте двојни сервис-грешки, а изненаден беше и од брзината на подлогата за која тврди дека е 20-30 проценти побрза од порано. Следен противник му е Тенис Сандгрен.

 

- Оглас -

Најнови вести