Ѓоковиќ откри со кого би сакал лично да се запознае

Милиони луѓе во светот посакуваат да се сретнат со првиот светски рекет во тенисот, Новак Ѓоковиќ, а пак Србинот сака да се запознае со двајца Американци: кошаркарската легенда Мајкл Џордан и актерот Џим Кери. Популарниот Ноле оваа желба ја откри откако се пласира во третото коло на Отвореното првенство на Австралија.

„Мајкл Џордан е еден од идолите кои ги имав во моето детство. Јасно е дека не сум единствениот што сака да го запознае, но имаме многу заеднички пријатели. Знам дека тој сака да игра голф, можеби некој ден ќе го начекам на терен за голф. Сакам да се запознаам и со Џим Кери. Многу интересен човек ми изгледа. Неговите погледи на светот силно ме интригираат и со задоволство би разговарал со него“, рече Ѓоковиќ.

Инаку 59-годишниот актер Кери е приврзаник на таканаречениот Закон за привлекување, кој се појави како дел од религиозното движење „Ново мислење“. Според него, луѓето и нивните мисли се создадени од чиста енергија и за да се променат негативните ситуации, човек треба да се чувствува како веќе да настaпиле промени. Тој е и против вакцинирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести