Ѓоковиќ пееше со фановите на Олимпијакос, гледаше Евролига во друштво на Адетокумбо (Видео)

Новак Ѓоковиќ во последно време често гледа кошаркарски натпревари од Евролигата, па и вечерва беше во Пиреја каде Олимпијакос го растури Монако со 94-64 и сега грчкиот тим е на една победа од пласман на фајнал-форот кој ќе се игра во Атина. Со 2-0 поведоа и европскиот првак Фенербахче против Жалгирис и после голема драма, Панатинаикос (домаќин на фајнал-форот) по продолжение против Валенсија со кош во последна секунда.

Најдобриот тенисер на сите времиња во „Мир и пријателство“ седеше до најдобриот грчки кошаркар Јанис Адртокумбо, а кога од трибините згрме песна во која се спомнуваат Црвена ѕвезда и Олимпијакос, и Новак не можеше да остане имун и да не запее.

- Оглас -

Најнови вести