Новак Ѓоковиќ одигра фантастичен меч против Хелгер Руне и го победи во три сета, а денеска за ривал го има Алекс де Минор во четвртфиналето на тенискиот Вимблдон. Австралискиот тенисер се наоѓа во добра форма и не случајно е на деветтото место на АТП-листата, но, сепак, Ѓоковиќ ќе ја има фаворитската улога.
Овие двајца тенисери досега играле трипати. Ѓоковиќ има две победи, а Де Минор се радувал еднаш. Последен пат играа пред три месеци во Монако, кога Србинот славеше со 2:0 во сетови.
Во пресрет на овој меч, Ѓоковиќ даваше интервју за британски Би-би-си, а во еден момент популарниот Ноле се налути на новинарот кој му поставуваше прашања поврзани само со публиката и „инцидентот“ што беше на дуелот против Руне.
„Кога публиката ќе ја помине црвената линија, тогаш реагирам. Не се каам за зборовите кои ги кажав, ниту за постапката“, рече Ѓоковиќ, а потоа повторно доби прашање поврзано за публиката и Србинот се налути.
„Имате ли некое друго прашање освен за публиката? Фокусирани сте само на тоа или постои и нешто друго околу мечот? Ова е веќе трето прашање за тоа. Кажав што имам да кажам“, остро реагираше Ѓоковиќ.
Потоа новинарот се обиде да ја релаксира ситуацијата и го праша за неговиот следен противник Алекс де Минор, но Ѓоковиќ само кратко одговори „Ќе биде тежок меч“, па стана и си замина.
Novak Djokovic ‘rightfully’ shows reporter his place #Wimbledon pic.twitter.com/D0QnzBpP2J
— Novak India Fans (@NovakIndiaFans) July 9, 2024