Жозе Мурињо се очекува следната недела да биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека првото засилување кое ќе пристигне на „Сантијаго Бернабе“ ќе биде големо изненадување. Португалецот сака повторно да соработува со Маркус Рашфорд, кој во моментов е член на Барселона, но само како позајмен од Манчестер јунајтед.
Мурињо го познава Рашфорд од нивната заедничка работа во англискиот клуб во период од две и пол сезони.
Португалецот има намера повторно да соработува со 28-годишниот Англичанец, бидејќи имаат добри односи, а воедно сака и да ѝ напакости на Барселона, тврдат шпанските медиуми.
Самиот Рашфорд би сакал да остане на „Камп Ноу“, но „каталонците“ не се подготвени да го откупат за 30 милиони евра.
Манчестер Јунајтед под водство на Мурињо ги освои Лига Европа и Лига купот, а Рашфорд постигна 24 голови во две целосни сезони за „црвените ѓаволи“.

