Ѓоковиќ повторно се тресеше и повторно победи, освои нов важен трофеј!

Новак Ѓоковиќ ги загрижува своите фанови со тресењето на рацете, но ги радува што тоа не му пречи да победува и да освојува трофеи. Вечерва во Торино тој ја освои шестата титула на завршните Мастерси, со што го изедначи рекордот на Роџер Федерер.

Вечерва во финалето на турнирот на најдобрите осуммина, Србинот му одржа лекција на Каспер Руд и го совлада со 7-5, 6-3. Руд, кој е 12 години помлад од Ѓоковиќ, ни во четвртиот меѓусебен дуел не успеа да му земе сет на Србинот.

За победата во Торино, Ѓоковиќ ќе заработи 4.740.300 долари, а ќе напредува на АТП-листата, на која ќе беше убедливо прв ако не беа рестрикциите кон него на гренслем-натпреварувањата.

- Оглас -

Најнови вести