Новак Ѓоковиќ ќе го почне гренслем-турнирот во Париз, на „Ролан Гарос“ со дуел против шведскиот тенисер Микаел Имер, а посериозен противник според проектираната ждрепка, во четвртфиналето би бил еден од триото тенисери, Баутиста Агут, Карењо Буста или Беретини.
Во полуфиналето, според рејтингот и очекувањата, ривал на Ѓоковиќ би биле или Медеведев или Циципас.
Рафаел Надал ќе има посериозни испити на патот до ново финале и евентуално подобрување на рекордот што сега го има со 12 титули.
На стартот ќе игра против со Егор Герасимов од Бугарија, а потоа закана би биле Гофан и Зверев на пат до полуфиналето и нов дуел со Доминик Тим, тенисер што Шпанецот го победи во последните две финалиња на парискиот гренслем-турнир.
Кај дамите, топ-носителката и прекланска шампионка Симона Халеп ќе стартува со дуел против Сара Сорибес Тормо, а потоа веројатно ја чека дуел во осминафиналето против ланската финалистка Маркета Вондрушова.
Бранителката на титулата Ешли Барти се откажа, па во топ-5 носителки се Каролина Плишкова, Елена Свитолина, Софија Кенин и Кики Бертенс.