Ѓоковиќ првата олимписка пречка ја мина за само 53 минути

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во второто коло на тенискиот турнир на Олимписките игри откако убедливо го совлада Австралиецот Метју Ебден со 2:0 во сетови (6:0, 6:1) по само 53 минути на теренот.

Лесно го помина првото коло и Карлос Алкарас кој исто така славеше со 2:0 во сетови (6:3, 6:1) против либанскиот тенисер Хади Хабиб.

Искусниот австралиски тенисер Метју Ебден, кој е специјализиран за двојки и не игра сингл, немаше апсолутно никакви шанси против Новак Ѓоковиќ, чија доминација беше комплетна.

Новак одлично враќаше, го тераше Ебден да трча многу повеќе, а Австралиецот не можеше да стори речиси ништо, и покрај тоа што публиката во вториот сет беше на негова страна, сакајќи да види малку повеќе атракција и подолг меч.


И самиот Ебден се потруди тоа да биде така, бурно реагирајќи на освоените поени, а во еден момент за време на првиот сет дури и им го понуди својот рекет на навивачите со желба да дојдат и да му помогнат на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести