Ѓоковиќ прво го скрши рекетот од нервоза, а потоа настрада и противникот (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим, откако по голема борба со 6:3, 4:6, 6:3 во сетови го победи Доминик Кепфер. Повеќе од два часа траеше борбата, но Ѓоковиќ на крајот не дозволи изненадување и си обезбеди дуел против Каспер Руд од Норвешка.

Новак одлично го започна мечот и поведе со 4:0, но Германецот не се предаде лесно и успеа да освои три гејма. Во вториот сет, Ноле поведе со 2:0 имаше и две брејк топки, но не ги искористи и Кепфер успеа да се врати во игра. Во еден момент, Србинот многу се налути самиот на себе, па дури и го искрши рекетот, за што доби опомена од судијата.

https://twitter.com/i/status/1307315600524369922

Кепфер го доби вториот сет со 6:4, но сепак немаше сили за целосен пресврт. Во решавачкиот трет сет, Ѓоковиќ направи брејк и поведе со 3:1 и тоа беше доволно да најави дека ќе се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим.

 

- Оглас -

Најнови вести