Новак Ѓоковиќ и натаму е лидер на АТП-листата со 10.860 поени и покрај дисквалификацијата на ОП на САД. Првиот светски рекет влезе во 256-тата недела на врвот и се израмни со легендарниот Пит Сампрас, додека пред него со подолг стаж како најдоброрангиран е само Роџер Федерер со 310 недели.
На второто место останува Рафаел Надал сo 9.850 бода, а има измена на третата позиција на која од денес стои Доминик Тим, освојувачот на американскиот гренслем. Австриецот го исфрли Федерер од топ 3 и има 9.125 бода, додека швајцарскиот маестро има 6.630 бода.
Во топ 10 се уште: Медведев, Циципас, Зверев, Беретини, Монфис и Баутиста Агут.
Инаку, врвниот тенис продолжува на Мастерс турнирот во Рим, каде што за првпат по пандемијата со корона-вирусот ќе настапи Рафаел Надал и ќе ја брани титулата.