Ѓоковиќ се мачеше, но го победи 24-тиот тенисер во светот на турнирот во Монте Карло

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, забележа тешка победа во осминафиналето на турнирот во Монте Карло. Србинот попладнево со 2-0 и речиси по два часа игра го победи Лоренцо Мусети од Италија.

Италијанецот го започна мечот како од соништата бидејќи уште во првиот гејм направи брејк и поведе со 1-0, а Ѓоковиќ брејкот го врати во осмиот гејм, кога израмни на 4-4, а потоа со брејк во 12-тиот гејм да дојде до 7-5 и водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет, Ѓоковиќ тргна фуриозно и веднаш поведе со 2-0, но следуваа уште два брејка, по еден на двете страни за 3-1 за Србинот, но и уште два брејка во финишот од сетот за 6-3 и победа од 2-0 за најдобриот тенисер во светот.

Во четвртфиналето на мастерсот во Монте Карло, противник на Новак Ѓоковиќ ќе му биде тенисерот од Австралија, Алекс де Минаур.

- Оглас -

Најнови вести