28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ѓоковиќ се огласи после инциденетот: „Се гледаме во недела“

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со лесни и убедливи 2-0 обезбеди пласман во третото коло на мастерс-турнирот во Рим, но после мечот се случи инцидент во кој србинот со шише беше погоден во глава. Од снимките можеше да се види дека дека шишето испадна од торбата на еден од гледачите, а Ѓоковиќ веднаш беше пренесен на детални прегледи.

Откако беше пуштен од болница, србинот се огласи на социјалните мрежи и најави дека го продолжува настапот на мастерсот во Рим.

„Ви благодарам за пораките со загриженост. Ова беше несреќен случај, добро сум и во моментов се одмарам со вреќичка мраз. Се гледаме во недела.“ – напиша Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести