Ѓоковиќ тренираше на Вимблдон, се чека конечната одлука дали ќе настапи во Лондон

Новак Ѓоковиќ пристигна во Лондон и веднаш синоќа излезе на терените на Вимблдон.

Сѐ уште не е познато дали Србинот ќе игра на третиот гренслем турнир во сезоната, откако пред помалку од 20 дена направи операција на менискусот на коленото во Париз.

Пристигнувањето во Лондон е секако добар знак, но сѐ уште се чека официјална потврда од седумкратниот шампион на Вимблдон.

Ѓоковиќ го повреди менискусот на мечот од осминафиналето на Ролан Гарос против Франсиско Селундоло.

По тој дуел, и покрај победата, се повлече од гренслем турнирот во Париз, кој подоцна го освои Карлос Алкараз.

Неодамна беше потврдено дека Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри, кои се одржуваат во Париз, токму на терените на Ролан Гарос.

Вимблдон започнува на 1 јули, а титулата ќе ја брани Карлос Алкараз, кој минатата година во спектакуларното финале го победи токму Ѓоковиќ со 3:2 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести