Ѓоковиќ уште еден месец сигурно ќе биде прв, а потоа…

Новак Ѓоковиќ со пласманот во полуфиналето на турнирот во Дубаи си ја осигури првата позиција на АТП-листата најмалку до 23 март и тоа ќе му биде 282-ра недела на тенискиот трон. Но, од 23 март натаму почнува голема битка бидејќи и вториот Рафаел Надал ќе има шанса повторно да биде прв.

Србинот во моментов има 560 поени повеќе од Надал, а до почетокот на Олимписките игри од можните 9.000 поени, Ѓоковиќ треба да брани 4.635. Од друга страна, Надал ќе брани 4.980 поени, но ќе игра и еден турнир повеќе, па може да освои максимум 9.500 поени.

Може да се очекува Новак да го зголеми водството на американската турнеја бидејќи во Индијан Велс и Мајами брани само 135 поени, а Надал 360. И во Монте Карло, Ѓоковиќ брани помалку поени од Надал, а покритичен за него може да биде преминот од април во мај, кога во Барселона и Мадрид, актуелниот лидер брани многу повеќе поени. Рим и парискиот „Ролан Гарос“ не би требало да донесат големи промени, таму Надал брани дури 3.000 поени, но на Вимблдон, Ѓоковиќ ако не ја освои титулата, ќе загуби доста.

Како и да е, трката за тронот ќе биде по мерак на љубителите на тенисот.

- Оглас -

Најнови вести