Ѓоковиќ ваков лош старт на Вимблдон немал дури 11 години, но потоа работите дојдоа на свое место

Новак Ѓоковиќ неочекувано одигра четири сета за да го помине првото коло на гренслем-турнирот во Лондон, популарниот Вимблдон. Србинот, кој е број 1 на светската АТП-листа, славеше со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 против домашниот натпреварувач Џек Дрејпер.

Младиот 19-годишен Британец започна одлично и без страв против големиот фаворит, па во третиот гејм успеа да направи брејк и таа предност да ја чува до крајот на првиот сет, кој го доби со 6:4. Ова беше првпат по 2010 година Ѓоковиќ да го загуби првиот сет во првото коло од Вимблдон.

Иако го загуби првиот сет, Ѓоковиќ брзо се врати во игра и експресно го доби вториот сет со 6:1. Доминацијата на најдобриот тенисер во светот продолжи и во третиот и четвртиот сет, кои ги доби со по 6:2 и за два часа и две минути на крајот Србинот очекувано го прослави влезот во второто коло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести