Ѓоковиќ за 70 минути го збриша Нишикори и стигна до олимписко полуфинале

Новак Ѓоковиќ загуби само два гејма против Јапонецот Кеиј Нишикори и со триумф од 6-2, 6-0 на доминантен начин се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио. Најдобриот тенисер на светот за само 70 минути го збриша домашниот тенисер. Временските услови повторно беа тешки, а Ѓоковиќ како и во осминафиналето, повторно користеше дополнителен кислород.

Противник на Новак во полуфиналето ќе му биде Александер Зверев или Жереми Шарди. Другото полуфинале е Карен Хачанов – Карењо Буста. Шпанецот Карењо Буста со 6-2, 7-6 денеска го елиминира вториот носител Данил Медведев.

- Оглас -

Најнови вести