Играчите на Реал на тренерот Арбелоа му измислиле смешен прекар, го нарекуваат „Конус“

Тензиите во Реал Мадрид дополнително ескалираа откако стана јасно дека неколку фудбалери од тимот се однесувале со потсмев кон тренерот Алваро Арбелоа, пренесува „ОК Диарио“.

Според информациите, играчите на 43-годишниот шпански стратег му го дале прекарот „Конус“. Откако Арбелоа дознал за тоа, престанал да им дава минутажа на фудбалерите кои стоеле зад навредите.

Овие случувања доаѓаат во период на сериозна дестабилизација во клубот. Последно во соблекувалната избувна тепачка меѓу играчите од средниот ред, Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, по која Уругваецот заработил повреда на главата и морал да замине на интервенција во болница.

Покрај тоа, повеќе од 40 милиони луѓе потпишале петиција со барање Килијан Мбапе да биде избркан од Реал Мадрид.

Кралскиот клуб во следниот натпревар ќе се соочи со Барселона на „Камп ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести