Ѓоковиќ загуби сет, но успешно стартуваше, Алкарас експрес

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го стартуваше гранслем турнирот во Мелбурн. Сепак, загуби еден сет од Нишеш Басавареди, кој е рангиран на 107-та позиција на АТП листата. Американецот го доби првиот сет со 6-4 во гемови, но потоа Ѓоковиќ заигра многу подобро.

Србинот израмни добивајќи го вториот сет со 6-3, а потоа го освои и третиот со 6-4. На крајот, Ѓоковиќ го доби мечот и со 6-2 во четвртиот сет.

Карлос Алкарас беше убедлив и го совлада Казахстанецот Шевченко со 3-0 во сетови. Два сета ги доби експресни, со 6-1 во гемови, а во вториот ривалот даде посилен отпор, но сепак го доби Алкарас со 7-5.

- Оглас -

Најнови вести