Гол и асистенција за Адеми – Динамо го растури Ференцварош (Видео)

Аријан Адеми одигра капитенски за Динамо Загреб, а неговиот клуб ќе игра двомеч со Розенборг за пласман во Лигата на шампионите, по победата вечерва против Ференцварош со 4:0 на гости.

Адеми го постигна првиот гол на мечот, а реагираше мајсторски по асистенцијата на Дани Олмо во 16-тата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=rUETYC9C4r0

Со тој резултат двете екипи заминаа на одмор, а во продолжението гостите го декласираа популарниот Фради.

Петковиќ зголеми на 2:0, а потоа Адеми му врати со асистенција на Олмо за 3:0.

Гојак зголеми на 4:0 во 79-тата минута, а Динамо можеше и до петарда, но Петковиќ утна пенал во 89-тата минута. И вака на популарните Модри им беше доволно за пробив во финалето во квалификациите за настап во Лигата на шампионите.

Таму ги чека Розенборг по втората победа од 3:1 против Марибор.

- Оглас -

Најнови вести