Гол и асистенција за Елмас, со Осимен ќе бидат страшен тандем на Наполи

Елиф Елмас е стрелец на првиот гол за Наполи во новата сезона, а македонскиот репрезентативец имаше и една асистенција за едно полувреме колку што играше на пријателскиот меч против Анаунија.

Лучијано Спалети, кој дебитираше на клупата на Наполи, одлучи Елмас да биде стартер, а Елиф го одигра одлично првото полувреме, по што заедно со сите соиграчи, освен голманот Контини беше заменет.

Наполи победи убедливо со 12:0, стрелец на првиот гол во третата минута беше Елмас, а потоа и асистент за шесттиот гол што го постигна Осимен.

Осимен постигна вкупно 4 гола и покажа дека може да биде опасен тандем со Елмас во новата сезона, што ќе почне на 22. август со првото коло во Серија А.

Наполи на стартот на првенството ќе игра со Венеција, а Елмас и неговите соиграчи за две недели ќе играат пријателски меч со германскиот првак Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести