Гол-машината пуштена на најјако: Левандовски стигна до „стотката“ и ги прескокна Роналдо и Меси (ФОТО)

Роберт Левандовски е најсериозниот кандидат за освојување на Златната топка, а вчеравечер стана и играчот со најмногу голови по 100 одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Тој со вчерашните три против Бенфика, стигна до бројката од 81 гол, оставајќи ги зад себе легендарните Кристијано Роналдо со 77 и Лионел Меси со 64 погодоци.

Играчот на Баерн Минхен игра неверојатно во последниве две сезони, па нема да претставува чудо ако и тој успее да се вклучи во трката за најдобар стрелец во ЛШ.

Сепак, во моментов таму заостанува многу во однос на Роналдо и Меси, но ако продолжи со вакво или уште поефикасно темпо, тогаш сè е можно.

 

- Оглас -

Најнови вести