Гол со ножички за победа во 94-тата минута (Видео)

Фудбалерите нa Ал-Араби славеа во Доха со 2:1 против Ум Салал во меч од четвртото коло на катарското првенство, а победникот беше решен во последните секунди од мечот.

Се играше 94-тата минута, последна од четирите покажани како дополнителни од судијата, а домаќините беа во напад. По последниот центаршут, Мохамед во шеснаестникот ја прими топката и без многу мислење, на спектакуларен начин со „ножички“ ја затресе мрежата на гостите за победа на Ал-Араби со 2:1.

https://streamable.com/n3ddhc

- Оглас -

Најнови вести