Турска драма – Гол во 115. минута го откажа Галатасарај од трката за титула (Видео)

Чуден гол во 25. минута од судиското продолжение прими најтрофејниот турски клуб Галатасарај, со што шансите за нова титула се сега само во доменот на теорија.

Драматичниот меч во Истанбул траеше долго, а Газијантеп успеа да го шокира фаворитот со израмнувачки гол за 3:3 во 115. минута од мечот.

Судијата Улусој покажа на белата точка во финишот на долгото судиско продолжение и Максим беше ладнокрвен, погоди и му донесе бод на гостинот од Газијантеп.

Целата ситуација во 115. минута и голот од пенал на Максим можете да го погледнете ОВДЕ.

Галатасарај успеа да прокоцка предност од 3:1, откако губеше со 0:1, но во финишот им дозволи на гостите да си заминат со бод од Истанбул.

Моментно најтрофејниот турски фудбалски клуб има 51 бод на четвртата позиција и е зад лидерот Басакшехир со 59 бода, Трабзонспор, кој има 56, но и меч помалку и Сиваспор со 53 бода.

До крајот на сезоната има уште шест кола, па Галатсарај има само минимални шанси за подвиг и нова шампионска титула во Турција.

- Оглас -

Најнови вести