Гол во 90+10 минута предизвика хаос и тоа поради едно бизарно правило (Видео)

Бразилскиот Ботафого едвај успеа да помине во следната фаза од Купот во Бразил и тоа по меч одигран со ривал од четвртата лига. Ботафого гостуваше кај Сергипе, а домаќините, кои беа аутсајдери, водеа со 1:0 по првото полувреме.

Оваа предност на четвртолигашот беше до последните моменти од средбата. Ботафого притискаше, изведе три корнери во низа, судијата дозволи продолжението да трае дури 10 минути, а токму во 90+10 минута, фаворитот даде гол и израмни на 1:1.

Овој погодок значеше и пласман на Ботафого во следната фаза и тоа поради едно бизарно правило кое вели дека доколку резултатот е нерешен, понатаму продолжува тимот кој е подобро рангиран.

Фудбалерите на Сергипе беа многу лути на судијата кој продолжи 10 минути и тргнаа да се тепаат со него. Веднаш реагираше полицијата кога направи жив штит околу арбитрите, инаку можеше да се случи трагедија.

- Оглас -

Најнови вести