Добро започна второто полувреме за Македонија. По неполни три минути беше досуден пенал откако Алими одлично продре во шеснаесетникот и беше фаулиран, а судијата оправдано покажа пенал.
Капитенот Енис Барди ја презема одговорноста и погоди за 1:1 во 49 минута на гостувањето кај Фарски Острови.
Во првото полувреме имаше пенал и за Фарски Острови, кога Давидсен погоди за радост на домаќините.