Гол вреден за „Пушкаш“ постигнат во женската мексиканска лига (видео)

Дуелот од 13-тото коло во женската фудбалска лига на Мексико меѓу Хуарес и Керетаро заврши со сигурни 2-0 во корист на домаќините, а победата беше запечатена со мајсторија каква што ретко се гледа на терените.

Се играше судиското надополнување кога фудбалерите на Хуарес требаше да изведат прекин. Од околу 35 метри, Алварес Уерта наместо да нафрли, испрати силен и прецизен удар кон голот и го погоди горниот десен агол од мрежата.

- Оглас -

Најнови вести