Голден Арт е шампион во младинска конкуренција

Екипата на Голден Арт е новиот шампион во младинската ракометна лига. Во финалето, Голден Арт со 31:27 го победи тимот на Бутел и стигна до трофејот. Кристијан Стаменковиќ ја доби наградата за најкорисен играч (МВП) на завршницата.

Бутел подобро го започна финалето и поведе со 8:3, но Голден Арт полека ја намалуваше негативата и на полувреме беше 14:15.

Во второто полувреме, ракометарите на Голден Арт продолжија во ритамот од вторите 15 минути од првото полувреме, па за брзо време стигнаа и до водство. Имаа предност од 20:18, потоа со 23:20, а потоа стигнаа до 27:23 и до крајот успеаја да ја сочуваат предноста од четири гола.

Третото место во оваа младинска лига го освоија ракометарите на Младост Богданци, кои беа подобри од Пролет.

ОЛ СТАР тим на Ф4 младинци:
голман – Благој Панов (Младост Богданци)
лево крило – Дамјан Субашевски (Бутел Скопје)
лев бек – Антонио Николоски (Младост Богданци)
среден бек – Немања Џигероски (Голден Арт)
десен бек – Кристијан Стаменковиќ (Голден Арт)
десно крило – Дамјан Георгиев (Пролет)
пивот – Илија Чрчев (Младост Богданци)
- Оглас -

Најнови вести