Голден стејт вориорс стана третиот тим во историјата на НБА-лигата кој на четири натпревари по ред постигнал 20 или повеќе тројки.
Воините го победија Мајами со 135-112 благодарение на феноменалниот шут и големиот број погодени шутеви за три поени. За Вориорс тоа беше и четврта победа по ред, што е разбирливо кога се шутира така и се погодуваат 20+ тројки.
Најинтересниот меч синоќа во НБА се одигра во Детроит, каде што Пистонс го совладаа Бостон селтикс со 107-106 во дуел на двете најдобри екипи на Истокот. Кејд Канингем имаше 16 поени, 14 асистенции и ниту една загубена топка. Џејлен Браун имаше шут за победа во последната секунда, но утна и домашните се радуваа.
Помина точно половина од сезонава, а Детроит, кој е прв на табелата, сега има пет победи и шест порази помалку од вториот Бостон. Само пред две години, Пистонс ова време имаа скор од 4 победи и 37 порази, сега е на 31-10.

