Голден стејт ворирорс тргна убедливо – Дончиќ и Далас немаа шанса за „брејк“ (ВИДЕО)

Екипата на Голден стејт ворирорс во финалето на Западот тргна со уверлива победа над Далас од 112:87.

Веќе по првата четвртина Воините направија двоцифрена разлика (28:18), која потоа само ја зголемуваа. Стеф Кари, кој имаше дабл-дабл учинок од 21 кош и 12 скокови, беше најефикасен на средбата, додека Лука Донлиќ за 34 минути минати на паркетот уфрли 20 поени.

Вечерва на програмата е вториот финален меч од Истокот меѓу Мајами и Бостон селтикс, каде што Жешките имаат предност од 1:0.

- Оглас -

Најнови вести