Неверојатен резултат од футсал меч во Ерменија веројатно ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Ереван беше подобар од Алашкерт со 98-1!
Алашкерт прими неверојатни 98 гола во две полувремиња од по 20 минути, во просек по еден примен гол на секои 25 секунди. На полувреме беше 33-0, а преостанатите 65 гола беа постигнати во второто полувреме.
Гол-разликата за губитничкиот тим во петте одиграни лигашки натпревари досега е зачудувачка: 196 примени гола и само 20 постигнати голови, што е просечен пораз од 39-4 по натпревар.

