Голем ден за Манчестер јунајтед, завршена важна работа

Најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед денеска и официјално го продолжи договорот со голманот Давид де Хеа. Шпанскиот чувар на мрежата ќе остане на „Олд Трафорд“ до јуни 2023 година, со можност за продолжување на уште една сезона.

Де Хеа дојде во Манчестер во 2011 година и досега бранеше на 367 мечеви. Со Црвените ѓаволи се радуваше на титула во Премиер лигата, ФА купот, Лига купот, Комјунити шилд и Лигата на Европа.

„Ми беше привилегија во изминативе осум години да бидам дел од овој славен клуб, а чест ми е што ќе ја продолжам кариерата тука. Кога стигнав во овој клуб не ни можев да сонувам дека ќе бранам на повеќе од 350 мечеви. Мојата иднина е јасна. Мојата цел е да му помогнам на клубот да стигне до резултатите за кои веруваме дека може да ги постигнеме. Веруваме дека повторно може да освојуваме трофеи“, рече Де Хеа по продолжувањето на договорот.

Реал Мадрид се интересираше за купување на Де Хеа, но Шпанецот сепак останува во Манчестер, како што беше најавено претходно. За сумата која со новиот договор ќе ја заработува голманот пишувавме пред неколку дена и може да прочитате ТУКА.

https://twitter.com/ManUtd/status/1173598079058100225

 

- Оглас -

Најнови вести