Бум! Де Хеа стави крај на сите дилеми, добива „ѓаволско“ богатство

Ветувачки информации стигнаа од Островот околу иднината на Давид Де Хеа. Шпанскиот голман наводно потпишал нов, петгодишен договор со Манчестер јунајтед и ќе биде најплатен играч во клубот покрај Пол Погба.

Де Хеа со почетокот на оваа сезона влезе во последната година од договорот со Црвените ѓаволи, а се верува дека новата плата ќе му биде 255.000 фунти неделно, односно 13,3 милиони фунти или 15 милиони евра годишно. На тој начин Шпанецот ги разреши сите дилеми околу својата иднина, откако претходно се шпекулираше дека ќе му биде последна сезона на „Олд трафорд“.

Токму високите примања беа услов за Де Хеа да стави потпис на нова соработка, а се чини дека челниците на Јунајтед попуштија и му ја исполнија желбата.

- Оглас -

Најнови вести