Голем гест на Вест хем, ќе му го продолжи договорот на повредениот Антонио

Вест хем размислува да му го продолжи договорот на Микаил Антонио по неговата тешка сообраќајна несреќа за време на викендот, пишуваат медиумите на Островот.

Во саботата клубот објави соопштение во кое потврди дека 34-годишниот играч добил фрактура на ногата по несреќата во областа Есекс и дека е опериран.

По инцидентот се дозна дека Антонио бил заглавен повеќе од 45 минути додека пожарникарите се обидувале да го извлечат од неговото возило. Сè уште не е познато дали напаѓачот ќе може да ја продолжи својата кариера.

Антонио заработува повеќе од 90.000 фунти неделно, а напаѓачот ќе наполни 35 години во март. Тој има постигнато 83 гола за клубот откако се приклучи од Нотингам форест во 2015 година, со што стана најдобар стрелец на Вест хем во историјата на Премиер лигата.

Лондонскиот клуб направи сличен гест и кон дефанзивецот Анџело Огбона, кој доби сериозна повреда на коленото во ноември 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести