Голем пропуст на Фиорентина: Заработија седум милиони евра од играчи кои денес вкупно вредат 110 милиони евра

Фиорентина во изминативе неколку години се откажа од четворица талентирани фудбалери кои денес на пазарот вредат вкупно 110 милиони евра. Овој голем пропуст Виолетовите ги чини цело богатсво, откако не ги препознаа талентите на Николо Заниоло, Анте Ребиќ, Џанлика Манчини и Јанис Хаџи.

Според „Трансфермаркт“ веб-страницата која меѓу другото води и целосна статистика околу случувањата на фудбалскиот пазар, Заниоло и Ребиќ вредат по 40 милионие вра, Манчини 22 милиони, а Хаџи шест милиони (неговиот трансфер во Генк вреди 10 милиони евра).

Фиорентина го отпушти бисерот на Рома без отштета уште кога беше во младинските категории, додека Манчини го продаде на Аталанта за симболични 300.000 евра. Хаџи го вратија во Романија за 4,7 милионие вра, а од Ајнтрахт за Ребиќ добија само два милиони евра.

Романецот засега направи исчекор во кариерата, додека доста клубови се интересираат за остантите тројца, на кои со евентуални трансфери може да им се зголеми цената.

 

- Оглас -

Најнови вести