Голем скандал во тенисот: Фатени се „местачи“ кои добија огромни казни

За жал, тенисот е еден од спортовите каде што има најмногу наместени натпревари.

Не зборуваме за оној врвниот и најдобрите, туку за послаборангираните рекети и Челинџ турнири.

Во последната голема акција на Меѓународната агенција за интегритет фатени се шестмина тенисери коишто добија огромни суспензии.

Најлошо помина Ајуб Чакрони, кој доби доживотна суспензија и мора да плати 10 илјади долари, а зад него следува Амин Ахуда, којшто доби забрана да игра 11 години, а ќе мора да плати и пет илјади долари казна.

Тоа го снајде и Анас Чакруни, кој доби десетгодишна суспензија и ќе мора да ја плати истата сума.

Суспензии од девет години како и казни од по 5.00 долари добија Софијан ел Мезбани, Мохамед Закарија Хани и Јасиру Килани.

Јасно е дека сите овие тенисери се далеку од најдобрите, но сето ова треба да го вклучи алармот и во Меѓународната тениска федерација, којашто не спроведува ништо за да се подобри ситуацијата надвор од топ 100.

- Оглас -

Најнови вести