Голем талент на францускиот фудбал потпиша за Шкендија

Абубакар Ес Сахел ќе биде значајно засилување на Шкендија во битката за домашните титули, а големиот талент на францискиот фудбал потпиша договор со актуелниот македонски првак до 2023 година.

Има играно за селекциите на Франција на возраст до 17 и 18 години и во Шкендија доаѓа од младинскиот погон на второлигашот Генгам.

„Ме привлече можноста да играм натпревари во европските купови. Одлично ме примија во Шкендија и се надевам дека ќе оставам добар впечаток и дека ќе освојуваме нови титули во Македонија“, вели Ес Сахел за клупскиот сјат на Шкендија.

Абубакар има 19 години и игра како напаѓач, а според педигрето и талентот, ќе биде одлично засилување за актуелниот првак на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести