Македонија ја победи Молдавија со 2-1 во еден од најважните мечеви на турнирот во Скопје од Третата европска зона на Дејвис купот.
(Фото: Игор Паневски)
Ова е втора победа за македонските тенисери, ја совладаа и Малта, а загубија само од Црна Гора. Во плејофот за влез во Втората евроафриканска зона влегуваат трите најдобри од шесте тима коишто играат во Скопје, па ќе ни треба уште еден триумф, над Ерменија или над Летонија, за борба за пласман во повисок ранг.
Стефан Мицов го доби својот меч во сингл за водство, потоа Калин Ивановски загуби, па дуелот во двојки беше пресуден. Мицов и Ивановски беа подобри од Чумак и Снитари со 6-4, 6-7, 6-3 за конечни 2-1.
(Фото: Игор Паневски)