Репрезентацијата на Шпанија ја победи Грузија со 3-1 на последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Сепак, победата остана во сенка на тешката повреда на 19-годишниот Гави, кој во 26-тата минута мораше да биде заменет.
Според првичните информациии, се работи за повреда на колената, но тежината на повредата не е позната. Се шпекулира дека младата ѕвезда на Барселона ги скина лигаментите, а доколку мединцинските прегледи го покажат тоа, ќе значи и крај на сезоната за него.
Take me instead plz pic.twitter.com/2AhM0EN4Qk
— H! (@304GAVI) November 19, 2023
Откако Гави го напушти теренот со големи болки и во плач, прв кој му пријде да го теши е фудбалерот на најголемиот ривал, Реал Мадрид, напаѓачот Хоселу.