Голем успех за Македонецот: Калин го растури Ли и дојде до трофејот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со само еден изгубен сет дојде до трофејот на ИТФ турнирот во Крамзах, Австрија, што е негов петти во кариерата.

Нашиот тенисер уште од почетокот на мечот покажа кој е кој на теренот и не му дозволи на кореецот Џерард Кампања Ли ниту да се надева дека ќе дојде до трофејот. Калин Ивановски уште во првиот сет направи два брејка и го освои сетот со убедливи 6-2. Во ист стил продолжи и во вториот сет. Нови два брејка и повторно 6-2 за нашиот тенисер. Финалето се играше само 68 минути.

19-годишниот Калин Ивановски со ова дојде до петтиот трофеј во кариерата, откако претходно победуваше на турнирите Монастир (Тунис), Хераклин (Грција), Мадрид (Шпанија) и во Скопје.

Нашиот тенисер во моментов е на 335-тото место на АТП ранг листата, но се очекува веќе утре да напредува поради освојувањето на турнирот во Австрија.

- Оглас -

Најнови вести