Екипата на Ал Хилал е освојувач на трофејот во Купот на Саудиска Арабија. Во големото финале кое се играше на неутрален терен, Ал Хилал дури по подобро изведување на пенали го победи Ал Наср.
Во регуларниот дел, Александар Митровиќ донесе радост за АЛ Хилал со голот постигнат во седмата минута. Потоа Ал Наср остана и со игра помалку по црвениот картон за Давид Осмина кој играше со рака надвор од својот простор.
Во 87 минута црвен картон доби и еден фудбалер на Ал Хилал, па силите на теренот беа израмнети, а веќе во наредната минута беше израмнет и резултатот. Ал Наср стигна до 1:1 со гол во 87 минута, а потоа Ал Хилал доби уште еден дрвен картон.
Во дополнителните 30 минути Ал Наср имаше играч повеќе, но едноставно не может да нападнат и создадат шанса за гол. По 1:1 ои 120 минути игра, победникот мораше да се реши по подобро изведување на пенали.
Во пенал рулетот двата тима промашија во првата рунда, а потоа погодуваа до рундата број 5. Во шестиот обид промашија играчите на Ал Хилал, па Ал Хасан кој ја превзема одговорноста да шутира, ако погодеше Ал Наср ќе победеше.
Сепак, ударот од белата точка беше промашен па возбудувањата продолжија. Веќе во следната серија од пенал-рулетот Ал Хилал даде гол, а Ал Немер промаши за Ал наср и тука беше крајот. Ал Хилал победи, а Ал Наср, како во првенството така и сега мораше да се задоволи со второто место.
Сезонава Ал Наср и Роналдо беа втори во првенството, сега втори и во Купот, го загубија и Супер купот, а беа елиминирани во азиската Лига на шампиони.