Голема тепачка на навивачи во Нови Сад, полицијата успеа да ги изненади и уапси повеќемина (Видео)

Војводина со 2:1 го победи Партизан на меч во Нови Сад, а дербито остана во сенка на дивеењето на навивачите пред мечот. Во центарот на на Нови Сад се случуваа главните нереди исценирани од фановите на двата тима, но во еден момент се појавува голема група на полицијаци, кои не само што успеваат да ја смират ситуацијата и да ги растераат хулиганите, туку и да уапсат поголем дел од нив.

Полицајците ги изненадија хулиганите и со брза интервенција успеаа да ги смират и потоа да ги уапсат.

Српските медиуми пишуваат дека во еден момент стигнале 15 полициски комбиња, а полицајците успеаа да ги смират завојуваните навивачи и да уапсат еден дел од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

 

- Оглас -

Најнови вести