Голема трагедија: Во автобуска несреќа загина половина фудбалска екипа (Фото)

Најмалку осум членови на еден тим во Гвинеја загинале во тешка сообраќајна несреќа. Во несреќата која се случила на патот од Тимба кон Мау има и 17-мина повредени.

Како што пренесува Би-би-си, засега не се познати точните причини за несреќата на екипата која настапува во втората лига и зошто минибусот со кој патувале фудбалерите излетал од патот. Локалните медиуми пишуваат дека има 11 загинати, но и дека како можна причина за трагедијата се неисправните сопирачки на минибусот.

Ова е втора тешка сообраќајна несреќа во која загинуваат фудбалери во Гвинеја само за два месеца. Во јануари загинаа тројца фудбалери кога нивниот автобус се судрил со камион.

- Оглас -

Најнови вести