Трагичен период за НБА ѕвездата – Мајка му и шест члена од семејството починаа од Ковид-19, сега и тој е позитивен

НБА ѕвездата на Минесота тимбервулфс, Карл-Ентони Таунс објави дека е позитивен на Ковид-19, откако од пандемијата лани во април почина мајка му, а потоа и уште шест членови на неговото семејство.

Ноќеска требаше да игра, но објави дека веќе е во карантин со позитивен наод на Ковид-19, а мечот меѓу Минесота и Мемфис беше одложен.

https://twitter.com/KarlTowns/status/1350223070376595460?s=20

Таунс е една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, ја игра шестата сезона, но настапи само на четири меча, откако лани беше извонреден со просек од 26.5 поени и 10.8 скока по натпревар.

По смртта на мајка му Жаклин, изјави дека воопшто не се сеќава како играл во тој период.

„Ништо не ми беше важно по смртта на мајка ми. Искрено кошарката ми беше во втор план. Само знам што се случи на 13. април и тоа е голема трагедија за мене и непроценлива загуба. Секогаш бева расположен за шега, насмеан и бунтовен, но тој Карл го нема повеќе. Ги молам сите да внимаваат со пандемијата, бидејќи јас загубив тоа што најмногу го сакав“, изјави Таунс, по смртта на мајка му.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести