Големиот борец доби отказ во Билбао – Атлетик го отпушти Беризо

Едуардо Беризо е сменет во Атлетик Билбао по серијата скромни резултати на тимот, а отказот за големиот борец дојде по поразот од Леванте.

Беризо не беше долго на клупата на Атлетик и не успеа да забележи добар биланс, па дојде до разделба. Нов тренер на клубот од Билбао ќе биде Гаиска Гаритано.

Беризо во декември лани доби отказ во Севилја, но неговата битка со ракот на простатата беше многу поважна. Беше и на операција и успеа да се врати на фудбалските терени, но во последно време нема среќа во фудбалот.

Аргентинецот најдобро мина во Виго, како тренер на Селта, екипа со која играше и во Лигата на шампионите, и тоа за првпат во клупската кариера.

По три години минати во Виго, се пресели во Севилја, а оттаму потоа и во Билбао. Неговиот наследник Гаритано беше тренер на Еибар, на Ваљадолид и на Депортиво Ла Коруња.

- Оглас -

Најнови вести