Големите таленти на Барса, Кукуреља и Алења шпански засилувања против Македонија (Фото)

Младите Шпанци ќе бидат многу силни и големи фаворити против репрезентацијата на Македонија до 21 година за квалификацискиот меч во Скопје што треба да се игра на 3. септември.

Селекторот Луис Де Ла Фуенте не може да смета на Феран Торес и на Ансу Фати, кои добија повик во А селекцијата на Шпанија, но младата Црвена Фурија повторно има моќен тим со играчи со искуство пред се во Ла Лига, но и во дел од другите посилни лиги во Европа.

Во составот се вклучени поранешните таленти на Барселона, Марк Кукуреља, кој потпиша за Хетафе и Карлес Алења, фудбалер што му е позајмен на Бетис.

Македонија ќе биде домаќин на терен на комплексот „Петар Милошевски“ во скопската населба Аеродром. Мечот ќе се игра на трети септември од 18.45 часот без публика.

Селекторот Благоја Милевски допрва треба да го објави списокот со играчи што ќе се обидат да и се спротивстават на Шпанија, селекција која не победи со 3:0 во Алкоркон, лани во ноември во меч од шестата квалификациска група за пласман на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести