Големото срце на Томас Тухел: Тренерот ѝ помогнал на чистачката во лекување на синот, а потоа ѝ купил и куќа

Томас Тухел е еден од хероите што Челзи минатата сезона стигна до европската титула во Лигата на шампиони. Тренерот кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“, го препороди тимот, а Челзи на чудесен начин стигна до тронот. Претходната година, Тухел со Пари Сен Жермен загуби во финалето од ЛШ.

Токму додека работеше во францускиот гигант, Тухел направил неколку хумани дела. Кога пристигнал во Париз во 2018 година, вработил жена со потекло од Филипините, да се грижи за чистотата на куќата. Тухел тогаш разбрал дека жената напорно работи за да собере пари, за операција на синот, кој имал проблеми со срцето.

Кога си заминал од ПСЖ, Тухел решил уште еднаш да ја израдува жената која му ја чистела куќата. Тухел знаел дека таа сака да се врати во родната земја, па решил да и куши куќа на Филипини.

 

- Оглас -

Најнови вести